април 17, 2021

Германски доктори за коронавирусот: Повеќе од 90% од најтешките случаи се мигранти

Повеќе од 90% од пациентите со најтешки заболувања со коронавирусот во Германија се мигранти, изјави познатиот германски пулмолог Томас Вошар.

„Тоа е табу тема во Германија“, изјави Лотар Вилер, првиот човек на водечкиот германски здравствен институт „Роберт Кох“.

Томас Вошар, инаку претседател на германското здружение на пулмолози, изјави дека истражувањата покажале дека најтешко болни се оние пациенти кои имаат „комуникациска бариера во Германија“, пренесува „Билд“.

Вошар додаде дека во врска со тоа ја предупредил и германската канцеларка Ангела Меркел, како и министерот за здравство Јенс Шпан.

Вошар исто така нагласи дека предупредувањата на германската влада за опасностите од вирусот „не допираат до мигрантските заедници“. Тој наведе дека податоците за кои што зборува се однесуваат на периодот од ноември до јануари.

„Според мојата анализа, повеќе од 90% од интубираните, најтешко заболените пациенти се мигранти“, изјави Вошар.

Шефот на институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер изјави дека во Германија тоа е табу тема и додаде дека меѓу пациентите на интензивна нега поради коронавирусот, дури 50% се муслимани, иако тие сочинуваат само 4,8% од населението во Германија.

„Постојат паралелни општества во нашата земја. Тоа можете да го исправите само со теренска работа, на пример, преку имамите во џамиите, но ние не успеваме во тоа“, порача Вилер и образложи дека ова е табу тема затоа што владата стравува дека истата би можела да отвори расна дебата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •