април 15, 2021

Путин: Руските вакцини се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот.

Путин на состанокот со волонтерите од акцијата „Ние сме заедно“ истакна дека граѓаните на Русија со право се горди на своите научници кои создадоа вакцини.

– Навистина имаме со што да се гордееме, имајќи предвид дека нашите вакцини се најбезбедни и најефикасни во светот – рече тој.

Шефот на руската држава додаде дека досега два милиони граѓани на Русија примиле по две дози од вакцината, а други два милиони примиле по само една доза.

Путин истакна дека вакцинацијата е главниот начин за борба против пандемијата и дека производството на вакцините ќе биде сè поинтензивно.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •