април 14, 2021

Ајде сега, после една година корона, кажете како министер и министерство, комисии… Ништо. Нула. Компир варен!

Ајде сега, после една година корона, кажете како министер и министерство, комисии, курци палци, што направивте да ја стивнете и ставите под контрола?
Ништо. Нула. Компир варен. Топки волнени.
Сите ваши мерки се покажаа без ефект. Кое фајде имаме од идиотското носење маски на улица. Камо студија за ефектите од него?
Немате, ама се виде дека нема фајде. Влегуваме од бран во бран на ковид холокауст.
Внимавајте 3150 мртви. Тоа се жртви на два потонати Титаника и тоа за една година.
Згора на се, една вакцина не купивте и не донесовте, да не се смета донацијата на Србија од 4000 вакцини. Ама ние сме два милиони луѓе,.
Знаете што значи ова?
Дека вакцинацијата нема да ја завршите до крајот на 2022 година. Тоа значи барем уште илјада мртви.
Милион лаги кажавте во врска со вакцините. Те купивме те не ни стигнаа, авансот ни го вратија, има ама нема. Па сакаме кинески, па нејќеме… Па пак сакаме. Ама руски нејќеме, не се геополитички адекватни. А луѓе умираат ко муви.
Ако фијаското и дилетантизмот имат лик, го имаат вашиот.
Доживеавте целосен дебакл во епидемијава, како и во се друго.
Нема зборови да се исрази разочарувањето на луѓето од вас. Нема човек што веќе не се сомнева во вас како власт и поединци.
Нема такво дно кое не можете да го допрете. И тргнете ја глупата забрана за носење маски надвор. Се покажа тотално бесмислена.

Автор: Сашо Тасевски

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •