април 17, 2021

Што плаќаме во сметките за струја? (видео)

Во сметките за струја граѓаните плаќаат десетина ставки. Во една просечна фактура од 1.800 денари, најмногу или 700 денари чини производството односно трошокот кон ЕСМ.

Граѓаните плаќаат и над 600 денари за дистрибуција, околу 200 денари маржа. Има и трошок за обновливи извори, за преносот, за балансирање.

Пред извесно време РКЕ побара разделување на потрошувачката на струја во сметките за потрошувачите да имаат јасна слика што точно плаќаат.  Тоа побара и ЕЕЗ.

Домашно производство- 722 денари;

Обновливи извори- 131 денар;

Трошок за балансирање- 23 денари;

Трошок за пренос- 63 денари;

Трошок за оператор на пазар 2 денари;

Тошок за дистрибуција- 646 денари;

Маржа- 188 денари.

Во последните сметки нема трошок за увоз. Од РКЕ велат дека тоа е затоа што домашните производители успеале да ги обезбедат потребните количини на електрична енергија.

Бислимовски очекува дека топлото време и високите температури кои не се карактеристични за овој период  ќе имаат влијание на цената на струјата.

Во моментов работата на акумулациите е стабилизрана поради врнежите во изминатиот период. Од РКЕ велат дека ЕСМ има право и сами одлучуваат дали ќе продаваат струја надвор, но претходно да  ги обезбедат потребните количини во системот за да има непречно снабдување и стабилен енергетски систем.  Пред извесно време работата на хидроцентралите беше стопирана поради сушата која целосно ги исплазни акумулациите.

Извор: Тв Сител

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •