април 14, 2021

НОВИ ОГЛАСИ: УЈП вработува 40 лица, платата до 38.000 денари

Управата за јавни приходи распиша оглас за вработување на 40 извршители на определено работно време. Новите работни позиции, како што стои во објавениот оглас, се отвараат поради привремено зголемен обем на работа до крајот на тековната 2021 година. 

Управата бара лица на повеќе позиции. Во Дирекцијата ќе се вработуваат извршители на главно пониски позиции односно помлад асистент или помлад референт, но платата е нешто над 30.000 денари или околу 500 евра. Нови вработувања ќе има и во Дирекцијата за големи даночни обврзници, каде исто така платата е 500 евра.

Но на огласот има отворени работни позиции и за регионалните канцеларии во Скопје, во Битола, Прилеп, Тетово и Струмица. Од нив најмногу се за во Тетово. Платите на новите вработени за кои е отворено место се движат од 24.000 до 38.000 денари.

Се бара високо образование, а огласот трае до утре.

Инаку кога во јануари беше презентиран планот за вработување на лицата кои биле вработени по Рамковен догово а седеле дома, првиот вицепремиер Артан Груби рече дека УЈП е една од институциите каде ќе се вработат најмногу од овие луѓе. УЈП важи за една од најпосакуваните државни институции каде и платите и условите за работа се меѓу подобрите во администрацијата. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •