април 14, 2021

Мицкоски: Заев ја користи мојата изолација, но Владата ќе падне

Тоа што Зоран Заев на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата, никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.„Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид вирусот, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање на Владата. Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид-зараза тие денови ќе поминат. А тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер“, напиша Мицкоски на фејсбук.Денес, по барање на Заев, 62 пратеници изгласаа доверба на актуелната влада.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •