април 14, 2021

Исчезнува последниот слободен простор во строгиот центар на Скопје

Јавниот простор во еден град ги манифeстира културолошките процеси на општеството и треба да биде колективно право загаранитирано за сите граѓани. Наместо прогрес и ослободување на јавниот простор во град Скопје, сѐ се движи во обратна насока. Сите процеси што се случувале изминативе години секако влијаеле врз поимањето на тоа што е јавен простор. Прашањето денес е: Дали, кога се зборува за јавен градски простор, постојат компромиси? Поради значајноста на прашањето и одговорот, ќе се обидеме да ви ги доловиме минатото, сегашноста и иднината за слободниот простор пред хотелот „Холидеј Ин“.

Од улица „Кеј 13 Ноември“ кон паркингот 2021 год.

Местоположба на локацијата

Паркингот во контекст на околината 2021 год.

Паркингот пред ГТЦ/Холидеј Ин е едно од последните најголеми слободни јавни градски простори во централното подрачје на град Скопје. Ја има клучната позиција на поврзување на источниот дел на градот со центарот. На северната страна веднаш се граничи со кејот „13 Ноември“ и реката Вардар. На југоисток е близу до булеварот „Кочо Рацин“, на југозапад се врзува со блоковите и кулите на Градски ѕид, а на северозападната страна веднаш се наоѓаат хотелот „Холидеј Ин“ и Градскиот трговски центар.

Паркингот во контекст на Скопје 2021 год.

Оваа местоположба претставува мост за трасата помеѓу Новата железничка преку Градскиот трговски центар сѐ до плоштад „Македонија“. Се граничи и со Градскиот ѕид како реминисценција на тврдината, на Калето, како нешто што го затвора центарот на градот и го заокружува она што има поголема вредност во однос на тоа што е надвор од него, и понатаму се развива во сите правци. Денес сѐ уште се користи како јавен паркинг за потребите на граѓаните во самата околина.

Градската четврт во контекст на Скопје

Хронологија на случувањата

На просторот пред хотелот „Холидеј Ин“ (некогашен хотел „Гранд“) малку е познато дека кон крајот на 19. век постоел единечен амам. Целиот текст тука.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •