април 17, 2021

Амир Смит во финалето од првата сезона на Слободни Фрлања со Никлеман

Во финалето од првата сезона на Слободни Фрлања со Никлеман, гостуваше Амир Смит, кошаркарот на дебитантот во првата македонска лига – ТФТ Скопје.

Амир Смит или популарно – Ѕверот од Тафта (The Tafta Beast) е син на американската колеџ легенда од раните 90-ти, Џо Смит кој беше прв пик на НБА драфтот во 1995 година пред Кевин Гарнет. Тој одигра долга и солидна кариера во тимовите на: Голден Стејт Вориорс, Минесота Тимбервулфс, во Кливленд заедно со ЛеБрон, а во Лејкерс играше заедно со Коби Брајант.

Амир прелета низ маалото на Никлеман забивајќи во стилот на најдобрите НБА играчи.
Тој проговори за неговото детство и начинот на игра во Америка, како и за јасните планови што ги има во предвид за својата блиска иднина.

Во оваа епизода е поставен рекордот за најмногу постигнати слободни фрлања, а воедно е собрана и највисоката сума од 8.300 денари кои екипата на “Слободни” помогната од тимот на ТФТ Скопје ја донираше во хуманитарни цели.

Веќе се работи на организацијата околу втората сезона, авторот Никола можете да го контактирате на следнава е-пошта: за секаква соработка, а дотогаш уживајте во најдоброто од Слободни Фрлања.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •