април 14, 2021

Љубчо против Љубчо

Па со кого ќе ги обединиме ние тие наши пирински и егејски браќа Македонци ако дојде до обединување

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Љубчо милува да каже дека немало јунак кој би му се спротивставил на дуел, дека сите биле кукавици. Еве јас најдов еден јунак, самиот Љубчо од 1990 година, нешто како филмот Back to the future, ако се сеќавате.

Човекот што фактички ги создаде проблемите, и на соседите им ја претстави Македонија како закана по нивната територијална целовитост, човекот што на Македонците им ја всади идејата за обединување на Пиринска и Егејска Македонија со денешна Република Македонија, тој истиот денес ќе ги решава проблемите што самиот некогаш ги создаде. Алал вера!

Цитат на Љубчо Георгиевски: „Денеска ги слушаме нашите пирински браќа во Македонија како формираат свои здруженија, и од таму повикуваат дека се Македонци! Им даваат до знаење на Бугарите дека се Македонци, и зборуваат за Македонија! Во Солун и во Егејска Македонија исто така постојат такви наши здруженија.. Па со кого ќе ги обединиме ние тие наши браќа ако дојде до обединување“.

Автор: Роберт Милески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •