април 16, 2021

ЕУ месецов ќе предложи закон за ковид пасоши

Европската комисија во март ќе достави предлог за изработка на ковид пасоши кои ќе бидат во дигитална форма. Ова прашање ги подели мислењата на земјите членки на ЕУ, рече претседателот на комисијата, Урсула фон дер Лејен.

„Ќе доставиме предлог закон во март“, кусо изјави шефицата на ЕК на видео конференција.

Вакцинацијата во повеќето земји е веќе во тек, и се позивесно е дека ќе се издаваат пасоши или други сертификати со кои ќе се овозможи на вакцинираните да патуваат во другите земји.

Тоа ќе биде еден вид доказ за вакцинација, и со тоа да ги прескокнат протоколите за карантин при доаѓање во други земји, или другите мерки кои ќе бидат препорачани.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •