март 8, 2021

Мијалков оди во куќен притвор, обвинителите ја повлекле жалбата со која бараа затворски

Обвинителката Вилма Рускоска заедно со обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов ја повлекле жалбата по одредениот куќен притвор на Сашо Мијалков со која бараа да му се одреди затворски притвор.

Информацијата ја потврдуваат и од Обвинителството. Засега нема објаснување зошто обвинителите се одлучиле за ваков чекор.

Повлекувањето на жалбата значи дека Мијалков ќе остане во куќен притвор, односно нема да му се изрече затворски притвор.

Нејасно останува зошто обвинителството не инсистирало на активна мерка притвор и го повлекле претходното барање, кога се работи за очигледен случај во кој обвинетиот беше бегалец и дури се бараше со меѓународна потерница.

Вилма Рускоска и Сашо Мијалков веќе еден час се во зградата на Обвинителството откако тој сам се пријави и од исчезнат стана достапен за органите за правдата.

Обвинителката Рускоска вчера изјави дека иако побарала затворски притвор, одобрен бил куќен притвор со мерка постојан видео надзор.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •