март 4, 2021

Дали Спасовски денеска ќе поднесе оставка?

Причина за оставката е вчерашното бегство на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кого полицијата не успеа да го пронајде на домашната адреса за да му го врачи решението за домашен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во 13 часот најверојатно ќе си поднесе оставка од функцијата, се шпекулира во партиски кругови.

Причина за оставката е вчерашното бегство на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кого полицијата не успеа да го пронајде на домашната адреса за да му го врачи решението за домашен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“.

Оставка од првиот полицаец бара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која обвинува дека институциите уште во саботата во 16 часот знаеле дека постои опасност за бегство на Мијалков, но не презеле ништо.

Спасовски не е достапен за јавноста во текот на вчерашниот и денешниот ден.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •