март 6, 2021

Сплиќанецот што изрешета тројца дилери на дрога бара Нобелова награда за мир

Сплиќанецот Филип Завадлав (26), кој пред една година со „калашников“ изрешета тројца дилери на дрога, во петокот на завршните зборови во судскиот процес против него негираше дека е виновен.

Тој рече дека не се гледа себеси на местото на настанот, дека не е виновен и му предложи на судот да биде номиниран за Нобеловата награда за мир.

-Во тоа време бев на море и ме уапсија врз основа на нечија инсинуација. Не го сторив тоа. Зошто би го сторил тоа? Никој сè уште не ме убеди дека јас сум тој што пукал. Жалам што живееме во општество каде “Вакви работи се случуваат. Од ова треба да се извлече поука”, рече обвинетиот Завадлав.

Тој на судот му објасни дека и не се согласува со вештите лица- психијатри во нивната проценка.

-Што се однесува до нелегалното поседување оружје, многу работи остануваат неопределени.Кога ќе дојдам дома, најверојатно ќе се сетам на нешто друго, рече Завадлав на прашањето дали треба да додаде нешто друго.

-Јас би додал дека не се согласувам со вештачењето затоа што тврдам дека бев и останав целосно здрава личност. Ако мојата вина лежи во тоа што денес сум жив, тогаш сум виновен и веднаш дајте ми 50 години затвор, рече Завадлав.

Во својот завршен говор, бранителот на обвинетиот, Бранко Шериќ рече дека неговиот клиент не бил пресметлив кога се случило убиството, а не бил ниту сега што покажала неговите завршни зборови. Според адвокатот, Завадлав не го извршил масакрот од несовесно одмазда, односно дека станува збор за обично убиство.

Според обвинението, Завадалав ги убил тројцата дилери на дрога оти го малтретирале неговиот брат додека тој бил на брод, а за време на убиството бил под дејство на лекови.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •