март 9, 2021

На авиони на Боинг им излетале парчиња од авионите во Холандија и САД (ВИДЕО)

Два авиони на Боинг вчера претрпеа дефект на моторите по полетувањето, што доведе до отпаѓање на нивни делови, што резултираше со повреди на две лица во Холандија и оштетување на возила и куќи во Холандија и САД.

Германската новинска агенција Дојче прес објави дека избувнал пожар на еден од четирите мотори на авионот непосредно по полетувањето на авионот Боинг од аеродромот Мастрихт Ахен за Њујорк, соопшти полицијата во Мастрихт.

Неколку парчиња метал паднале на земја во северниот дел на Мирсен во Холандија и повредиле две лица. Оштетени се неколку автомобили и куќи.

Една постара жена била удрена со парче во главата и била пренесена во болница, а дете било полесно повредено откако се здобило со изгореници откако се обидело да ги подигне остатоците од земја. Авионот принудно слетал во Лиеж, Белгија, а истрагата е во тек.

Во САД, на авион на Јунајтед ерлајнс му се запалил моторот непосредно по полетувањето од Денвер кон Хаваи, а масивни делови падѓале врз станбена област на градот Брумфилд пред авионот безбедно да слета, соопштија властите.

Никој не е повреден во авионот или на земја, соопштија властите. Видеото направено од внатрешноста на авионот со 231 патник и десет члена на екипажот се гледа дека десниот мотор гори и се тресе на крилото на Боинг 777.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •