март 6, 2021

Директорот на Општата болница ја признава грешката и презема одговорност за вакцинирањето на немедицински персонал

Директорот на Општата болница во Охрид, Д-р Горан Балевски, признава дека е извршена прекуредна вакцинација на немедицински персонал од установата во првата група во која единствено треба да се вакцинира медицинскиот персонал од ковид центрите во земјата. Во изјава за медиумите тој рече дека со негова дозвола вакциниран бил секретарот на охридската болница, инаку правник по професија.

Одговорноста е кај мене дефинитивно ние од тој список што беше, еден лекар веќе беше позитивен и на негово место е ставен секретарот на Општата Болница, правник, меѓутоа списокот јас го потпишувам, грешката е моја и подготвен сум да поднесам одговорност за тоа, што и да се бара од мене. – изјави за Канал 5, директорот Балевски.

Реагираше опозициската ВМРО ДПМНЕ, која смета дека министерот Венко Филипче е единствено виновен за злоупотребата на вакцинацијата.

Филипче да не бара само виновници во друг, туку и самиот да понесе одговорност. Системот на вакцинација е со пропусти и нема протоколи. Доколку Филипче не може да се снајде со 4000 вакцини, како ќе се снајде со 400.000 вакцини?! – прашува ВМРО ДПМЕ.

Министерот за здравство Венко Филипче ја осуди злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација. Во соопштението се посочува дека ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во ковид-центрите и со ковид-пациенти не смее да се вакцинира.

Листите за вакцинација беа доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и истите веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани, ја пренесува МЗ изјавата на министерот Филипче.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •