март 9, 2021

ВУЧИЌ: ГО МОЛЕВ БОРИС ЏОНСОН ЗА ВАКЦИНИТЕ ОД АСТРА-ЗЕНЕКА

-Стануваме една од ретките земји во светот што има на располагање четири вакцини. Горд сум на одговорноста, на сериозноста што ја покажавме, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград по пристигнувањето на првите 150.000 вакцини од британско-шведскиот производител АстраЗенека.

Вакцините уште од утре ќе бидат достапни на граѓаните.

-Ова бараше многу работа, јас го молев премиерот Борис Џонсон и многу други високи претставници на британските власти, и им благодарам за помошта, им благодарам што сакаа да не слушнат. Им благодарам што вакцините „АстраЗенека“ пристигнуваат многу порано отколку во многу земји. Цената за овие вакцини е најповолна. Компаниите се откажаа од профитот, истакна Вучиќ.

Од денеска Србија станува една од ретките земји во светот каде што граѓаните ќе можат да избираат помеѓу четири различни вакцини против корона вирусот: американско-германскиот „Фајзер/Бионтек“, рускиот „Спутник V“, кинеските „Синофарм“ и британско-шведската „АстраЗенека“.

Исто така, денеска во Србија се очекува да пристигне нов контингент од 50.000 дози на руската вакцина „Спутник V“, како што претходно најави министерот за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •