ВО КОНТЕЈНЕРИТЕ НА ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА СЕ ГОРИ МЕДИЦИНСКИ ОТПАД

Тетово има реален проблем со медицинскиот отпад и како да е правило околу болницата да се забележи медицински расфрлан и од никого контролиран отпад.
Крвави шприцеви, игли, епрувети со крв, инфузиони раствори се извор на зараза и се опасни по здравјето на луѓето. Наместо во посебен отпад завршуваат во обични контејнери и расфрлани во близината на медицинскиот центар во Тетово.
Згора на тоа се палат без притоа да се води сметка за последиците!
Наместо да се гори, тој треба да се стерилизира и депонира на соодветно место. Вака опасностите од зарази, бактерии, инфекции, брзо се распрскуваат по улиците, меѓу минувачите и до домовите на тетовчани, а пак тие “назад” кај неодговорниот персонал во тетовската болница!
ЛО Левица Тетово бара согласно законот за квалитет на амбиенталниот воздух да се поведе прекршочна постапка од страна на надлежните органи.
Левица – Општина Тетово