март 6, 2021

Собрани над 25.000 потписи против пописот за неколку часа

Мицкоски додаде дека ова е доказ дека Македонија не сака фалсификат попис и дека е јасна пораката и за пописот, и за Владата, и за Заев. 

Собрани се 25 илјади потписи за неколку часа, во над 300 локации. ВМРО-ДПМНЕ и народот собра 25 илјади потписи за неколку часа, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека ова е доказ дека Македонија не сака фалсификат попис и дека е јасна пораката и за пописот, и за Владата, и за Заев.

Илјадници скопјани  се потпишаа против фалсификат попис на Заев, масовно од сите скопски општини граѓани излегоа и кажаа не за попис по терк на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пописот е статистичка операција, и како таков тој треба да биде по методологија и процес кој ќе прикаже реални резултати, а не насилен и на база на коалициски договор. По денешниот масовен одзив на граѓаните против пописот, Заев треба веднаш да се повлече од идејата за попис во април – велат од партијата.

Граѓаните на Велес, Кавадарци, Неготино и Повардарието денеска излегоа во масовен број против  пописот.

Граѓаните кажаа не за насилието на Заев, кој пописот како статистичка операција сака да направи политичка операција заради пазарот за коалиција – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Масовна излезност на граѓаните против пописот има и во Штип, Крива Паланка, Кратово, Петровец и околните општини, информира партијата. Од таму додаваат дека Македонија има потреба од попис кој ќе ја содржи реалната слика, од кој институциите ќе црпат податоци и ќе може да се креираат програми на среден и долг рок.

Против попис во април илегоа и илјадници граѓани од Битола, Охрид, Ресен и другите општини од југозападна Македонија.

– Електронскиот попис е единствено логичко решение, и истиот ќе даде реални бројки и податоци, се друго е политички пазар – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •