март 6, 2021

Пендаровски: Треба навреме да го подготвиме општеството за можната идна криза

Претседателот Стево Пендаровски, во своето обраќање пред присутните на конференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“, меѓу кои учествува и актуелниот и поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ и Рената Дескоска, пратеници и судии од Врховен суд на РСМ, рече дека денес кога имаме многу поголемо искуство во соочување со здравствената криза, но и кога институциите се во редовен мандат со целосен политичи легитимитет време е да се рефлектираме на искуството од минатата година, да донесеме соодветни заклучоци и навреме да го подготвиме поредокот и општеството за можната идна криза.

– Јасно е дека ние е потребен посебен закон во кој ќе бидат правно уредени сите празнини со кои се соочивме кога требаше да го организираме системот во нестандарни околности само врз основа на неколку генерални одреби од уставот. Идниот закон треба да биде продукт од дијалогот меѓу експертите, но и во генералната јавност и да биде донесен врз основа на најширок можен политички консензус, рече Пендаровски.

Тој исто нагласи дека пандемијата не научи дека постојат опасности кој ги надминуват политичките, идеолошките, етничикте, верските и социјалните лини на поделба.

– Тие опасности носат несреќа за сите независно од нашиот статус или потекло. Личната и колективната траума поради изгубените животи, десетиците илјади заболени, долгите ограничувања на движењето, изгубените работни места, пропаднатите бизниси, треба да бидат аларм дека е време да создаваме општествено единство барам за егзитенцијалните прашања, истакна претседалот Пендаровски.

Меѓудругото тој се осврна на и донесувањето на одлуката за прогласување на вонредна состојба која мината година траше полни 67 дена.

– Вонредната состојба е единствениот логичен одговор на една организирана политичка заедница, која се обидува за да се заштити под налетот на општата опасност и како таква не е случајно што постои како опција и некој пат може да биде употребена во споменатите екстремни околности. Нашата ситуација изминатата пролет не се разликуваше од ситуација која се најдоа многу други држави. Сепак како што често се случува, еден проблем никогаш не доаѓа сам туку најчесто тој проблем се мултиплицира во предизвици од системски карактер, рече Пендаровски, додавајќи дека следната криза треба да ја очекуваме поподготвени.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •