февруари 26, 2021

Мојсоска: СДСМ, ДПМНЕ, БЕСА и Алијанса имаат консензус околу вметнувањето етничка графа во лични карти

„СДСM, ДПМНЕ, БЕСА и Алијанса имаат консензус околу вметнувањето етничка графа во лични карти. Тоа што нема држава во ЕУ која предвидува ваква пракса, за „прозападниве“ фундаменталисти ништо не значи кога треба да се задоволат апетитите на албанскиот шовинизам“

Ниту една држава од ЕУ нема лични карти со етничка припадност. Наместо тоа во личните карти стои само информација за државјанството односно националната припадност. 

Воедно, таа потсети и што стои позади барањето за вметнување на етничка графа во личните карти. 

„Вметнувањето на етничката припадност во личните карти беше договорено уште во јануари 2019 година, меѓу Владата и БЕСА, односно премиерот Зоран Заев и Бињал Касами, кога гласовите на пратениците на БЕСА беа потребни за двотретинското мнозинство за изгласување на уставните измени што произлегоа од Договорот од Преспа. За Касами и неговите пратеници, во тие преговори, спорно беше што „македонско/граѓани на…“ како што е предвидено со Преспанскиот договор, на албански се преведува како „Maqedonas/qytetar i Republikes se Maqedonise Veriore”, а зборот „Maqedonas” во албанскиот има двојно значење – „македонски“ но и „Македонец“. Оттаму, БЕСА и Касами , според кои со тоа Албанците се нарекуваат Македонци, предлагаа поинаква формулација, но поради ризикот дека тоа нема да биде прифатено од Грција, на крајот беше постигнат компромис околку личните карти.“ 

Француска лична карта

Овие барања покажуваат отсуство на било каква лојалност кон државата,  а се засновани на потребата да се нагласува етничката припадност со цел да се задоволат националистичките агенди на албанските партии. 

Потсетуваме дека Биљал Касами беше и носител на шестата изборна единица на Коалицијата предводена од СДС „Можеме“ на Парламентарните избори. Ваквите барање покажуваат дека позади реториката  „Едно општество за сите“ Владата на Заев всушност ги зацврстува, ги наградува и ги надградува етнички поделби и конфликти во општеството. 

Единствена партија која се противи на етничката графа е Левица. Како единствена надетничка партија, која што остро се спротивставува на било каква поделба во нашето општество, посебно на поделбата по етнички линии, Левица остро застана против овој закон, и поради тоа поднесе околу 1200 амандмани. Поради тоа Комисијата за Политички систем и односи меѓу заедниците, на којашто требаше овој предлог закон да се разгледува, беше одложена.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •