март 6, 2021

МИЦКОСКИ: ДА ПОДДРЖИМЕ ЕВРОПСКИ И ВИСТИНСКИ ПОПИС

Со поставени штандови на отворено низ градовите во земјава, ВМРО-ДПМНЕ започна иницијатива за собирање потписи со цел поништување на Законот за попис, под мотото „Стави го својот потпис за вистински попис“.

Како што соопшти партијата, штандови на кои граѓаните можат да се потпишат за поддршка на иницијатаивата се  поставени во Прилеп, Кочани, Делчево, Виница, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Тетово, Брвеница, Теарце, Јегуновце и низ други градови и населени места низ земјава. 

– Денеска официјално почна иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на граѓански потписи против насилниот попис кој го турка Заев. Заев сака да спроведе политичка, наместо статистичка операција и да злоупотреби процес како пописот за политичка игра. Граѓаните во масовни бројки покажаа дека се против импровизациите на Заев, се наведува во партиското соопштение.

На Фејсбук се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој соопшти дека го дал својот потпис „против фалсификат попис“, за да се „спречи кражба“. 

– Го дадов мојот потпис против фалсификат попис. Да поддржиме европски и вистински попис. Да спречиме кражба, да ја тргнеме политиката од статистиката, наведе Мицкоски во објавата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •