март 8, 2021

Заев: Ако се откажат дел од нарачките, следна за нарачка ќе биде вакцината „Спутник“

Нарачани се толку вакцини против ковид-19, колку што Комисијата за здравство кажува по нивна проценка дека е доволно за да се постигне колективната имунизација на  населението. Ако се откаже дел од нарачките и се анулира дел од нарачката веројатно следни за нарачка ќе бидат токму „Спутник“ вакцините, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања во Струмица, тој кажа дека дефинитивно се направени чекори, потпишани се договори, а некаде е платено авансно за да се обезбедат потребните количини.

„Ако продолжиме да порачуваме вакцини Спутник, следна веројатно е Астра Зенека, па нови количини од Фајзер, па нови количини од Синофарм и ќе се затекнеме да има пет милиони вакцини во државата. Тоа е недозволиво заради рационалноста и наменското трошење на јавните пари. Затоа сме направиле договори толку колку што имаме потреба согласно националниот план за вакцинација на граѓаните во Република Македонија. Ако се откаже дел од нарачките и се анулира дел од нарачката веројатно следни за нарачка ќе бидат токму Спутник вакцините“, рече Заев.

Како земја членка на НАТО во консултации секако и со стратешките партнери на државата, изјави тој, вакцинирањето претставува суверено право на секоја земја и апсолутно нема никакви геостратешки или геополитички реперкусии заради тоа што се работи за здравство, се работи за здравјето на граѓаните и апсолутно немаме никакви резерви кон која било вакцина што е потврдена од меѓународните здравствени организации, па дури и од националните здравствени власти на земјите производители.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •