март 5, 2021

Данец ќе оди во затвор, им кашлал на полицајци в лице и им викал КОРОНА

Данскиот Врховен суд осуди маж на четири месеци затвор за кашлање на двајца полицајци, додека истовремено викал „корона“, за време на рутинска сообраќајна проверка минатиот март.

Настанот, кој се случи додека имаше силни мерки на рестрикции во земјата, резултирал со апсење за заканувачко однесување, иако подоцна тестирањето потврдило дека човекот е негативен за коронавирус.

Првиот пат тој беше ослободен од понискиот суд, но апелациониот суд ја поништи ослободителната пресуда и го прогласи за виновен. На рочиштето пред Врховниот суд, обвинителите побараа казна од три до пет месеци затвор.

Слични настани се случија во Велика Британија, САД и Канада.

Англиските и велшките полициски службеници бележат 200 случаи неделно со кашлање и плукање по полицијата, а обично пред тоа тие луѓе би рекле дека се заразени, се вели во анализата на британскиот Телеграф спроведена во април минатата година.

Осудениот Данец, на околу 20-тина години, исто така беше осуден за бегство од полицијата по прелиминарното испрашување во градскиот суд.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •