февруари 27, 2021

Во тешка сообраќајка кај Дојран загина младиот кошаркар Пенов

Младиот кошаркар на Кожув 18-годишниот Иван Пенов загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи на патот Стар Дојран – Нов Дојран.

Пенов играше во младинските конкуренции, а од оваа година беше регистриран и за настап за првиот тим кој се натпреварува во кошаркарската елита.

Според првичната истрага несреќата се случила откако возилото во кое бил Пенов излетало од патот, тој бил патник во автомобилот, во кој имало уште двајца млади лица кои се здобиле со тешки повреди.

И кошаркарскиот клуб Кожув на својата страница на ФБ изрази длабоко сочуство за нивниот млад соиграч:

Во неверување за напуштањето на досегашната наша млада надеж, изразуваме длабоко сочувство до фамилијата и најблиските. Почивај во мир Пена!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •