март 8, 2021

ВИДЕО: Игор Џамбазов се прости од Балашевиќ со “Словенска”

Вчера целиот Балкан се потресе од веста за смртта на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ. За неговата големина ќе зборуваи бројните стихови кои засекогаш ќе останат во нашето сеќавање и ќе живеат вечно.

Веста за неговата смрт молскавично се рашири низ сите земји на поранешна Југославија. Од славниот Балашевиќ на социјалните мрежи се простија многу познати личности, музичари, актери и почитувачи на неговиот лик и дело кои за последен пат му оддадоа почит.

EPA

Од Балашевиќ се прости и нашиот познат актер Игор Џамбазов, како што доликува за ваков човек – со песна. Џамбазов на својот инстаграм – профил сподели видео со своја изведба на познатата песна на Балашевиќ од 1985 – „Словенска“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •