март 9, 2021

Тхе Заевс конгресменс

Сакам да прашам нешто. Зеќир Рамчиловиќ, поканет е на конгресот на „иницијативниот одбор“? Оти нели „конгресмен  со мандат од 4 години“ е што би рекол мудриот и прекален политички аналитичар Тони Науновски и нему сличните политички аналитичари. 

Мене лично, малку ми е чудно, јас мислев дека конгресот е составен од делегати, а со тоа што конгресот е составен од делегати, тоа значи дека тие се делегирани врз основа на статут, и мислев дека конгресот на ВМРО-ДПМНЕ е ад хок тело – пред се затоа што во статутот на ВМРО–ДПМНЕ пишува дека највисоко тело меѓу два конгреса е Централниот Комитет. 

Е арно ама според правниот тим на МК Мериот и секако независните аналитичари што шетаат по Телма и ТВ24, или пишуваат колумни за Слободен Печат – највисоко тело меѓу два конгреса е конгрес од конгресмени кои не се делегати, но биле делегати кои времено биле делегирани пред 4 години. Ви се заврти умот? И мене. Нормални сте и нормално е така да реагирате на вакви толкувања произлезени од размислување со стомак и гениталии.

Нејсе, да видиме понатаму… 

Меѓу тие конгресмени, покрај пратеникот од коалицијата на власт – Зеќир Рамчиловиќ, конгресмени се: 

  • Елизабета Канческа Милевска;
  • Емилија Александрова; 
  • Нола Исмајлоска Старова; 
  • Крсто Мукоски; 
  • Сашо Василевски; и 
  • Љубен Арнаудов.

Кој од кого поголеми борци за Република Македонија! 

И тој конгрес од конгресмени што сега не се делегати, но сепак се делегати затоа што се конгресмени, засега најави само еден можен кандидат – Митко Јанчев, познат по реченицата „да имавме повеќе луѓе како Заев, Македонија ќе цветаше како Швајцарија“… Пак ви се заврти во умот? Без паника, се е во ред, нормален човек сте. Не е познат по други „ситнурии“ како на пример јасна поддршка на договорот од Преспа. 

Е тие „конгресмени“ ќе одлучувале и ќе одлучеле дека Мицкоски треба да си оди. Што има врска што Централниот Комитет организира друг конгрес, кога тамошните делегати се само делегати, делегирани според статутот кој е регистриран во суд? Што има врска правото кога тука е Заев да се јави и да каже „аксепт тхе заевс когресменс енд гив дем ваксајнс анд јуроп ис бјутифул лејди“. Ова последново не сфаќајте го сосема несериозно. Доволно е луд за да го прави тоа. 

Автор: Методија Анѓелкоски за „Дијалектика“

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •