март 8, 2021

МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ОД „ЗДРАВСТВЕН ДОМ БИТОЛА“ ОСТАВЕНИ БЕЗ РАБОТА И БЕЗ ДОГОВОРИ

Медицинските сестри oд „Здравствен дом Битола”, кои беа ангажирани со Договор на дело преку јавниот повик од страна на Министерството за здравство во ноември 2019 реагираат дека веќе извесно време се без работа.

Имено, поради партиските вработувања од страна на ДУИ, повеќе од месец дена овие медицински лица седат без работа во своите домови, каде што ја чекаат новата согласност за продолжување на договорите за работен однос.

Од „Здравствен Дом Битола” нема никаков одговор и се’ уште се очекува согласност од Министерството за финансии.

До министерот Венко Филипче повеќе пати беше апелирано да се разреши неповолната ситуација во кои се притиснати здравствените работници, кои беа во првите редови во борбата против пандемијата, а сега се пуштени дома и оставени без работа. Додека власта со сите сили е насочена да ги распредели рамковните административци кои десет години не одеа на работа, здравствените работници се оставени на цедило од неспособноста на владејачката гарнитура. Потфрлувањето на власта во справувањето со пандемијата е експлцитно видливо на секое поле, почнувајќи од доцнењето на набавката на вакцините до погрешните економски мерки, кои во најголем дел завршија во приватни џебови на бизниси блиски до власта.

Изманипулирани од страна на власта со нивниот коалиционен партнер, здравствениот кадар е тотално деградиран, иако постојано се нагласуваше за нивната важност во пандемијата и за нивниот замор, за сега тие да бидат отпуштени поради партиски договори и подмирувања. Очигледно дека власта на СДСМ и ДУИ е подготвена да го жртвува и јавното здравје и стабилноста на здравствениот систем, само за да се задоволат ситните коалициони интереси.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •