февруари 27, 2021

КАРАКАЧАНОВ БАРА ДА ГО КУПИ ОТСТРАНЕТИОТ СПОМЕНИК НА БОРИС САРАФОВ

Вицепремиерот на Бугарија и министер за одбранаКрасимир Каракачанов, на Фејсбук напиша дека неговата партија сака да го купи споменикот на Борис Сарафов, кој повеќе од четири години е отстранет од пред зградата на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Ваквата негова реакција следува откако Град Скопје даде предлог да го врати старото име на улицата „Борис Сарафов“, односно да ја именува повторно во „4 Јули“.

Каракачанов додава дека Сарафов бил бугарски офицер и еден од водачите на Илинденското востание. Откако неговиот споменик беше тивко отстранет пред извесно време, ова е втор јасен гест од владејачките власти во Република Македонија.

Каква друга причина би имале да се срамат од Сарафов освен што е Бугарин. Уште еднаш апелирам до надлежните во Скопје: ВМРО-БНД е подготвена да го купи отстранетиот споменик на Борис Сарафов, кој до неодамна чекаше во дворот на леарницата во градот да се стопи како старо железо.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •