март 2, 2021

Заев: 500-600 милиони евра од оттуѓување на државно земјиште

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во подготовка се законски решенија со кои ќе се овозможат, како што вели тој, петсто-шесто милиони евра од оттуѓување на државно земјиште. Голем дел од овие средства ќе бидат наменети и за буџетите на општините.

– Земјоделското земјиште кое што го оттуѓуваме сакаме огромен процент од него да дојдат како изворни приходи на општините. Токму овие големи приходи од вкупни два милиони хектари во државата, од 200-300 илјади хектари со оттуѓување ќе значат петстотини-шестотини милиони евра пари кои што континуирано низ месеци, низ полугодија, ќе влегуваат во јавните каси, голем процент сакаме да оди токму во општините, рече Заев.

Тој во истиот контекст најави дека три пати поголем данок на имот ќе се плаќа на општините за неискористен објект или за неставен во функција на развојот, почнувајќи од државата. 

– Ако државата еден државен објект не го користи, не го изнајмува, не го става во функција на развојот, три пати повеќе на матичната општина или на Град Скопје ќе плати данок на имот, изјави претходно премиерот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •