март 2, 2021

Бектеши: Се градат многу трговски центри и треба да работат во недела

Крешник Бектеши, министерот за економија, вели дека лично е против евентуално решение трговските центри да не работат во недела. Вели дека во блиска иднина ќе се инвестира и ќе се изградат и други вакви објекти, па поради тоа нема да биде добро ако им се забрани да работат во вториот ден од викендот.

За ова министерот вели дека стратешки приоритет за нашето поднебје е шопинг-центрите да работат во недела, бидејќи туристи од соседството таму ги трошат парите особено за викендите. Ова Бектеши го искоментира како став додека течат преговорите за законските измени за работните односи со кое во некои дејности ќе се забрани работењето во недела.

– Луѓето треба во недела да имаат и други можности и истовремено да излезат со нивните семејства и тогаш би можеле да направат одреден пазар, а тука се вклучени и трговските центри. Имајќи го предвид трендот на изградба на трговски центри, инвестициите кои што се прават во таа дејност, приливот на странски туристи во викендите во нашата држава, посебно од соседните држави, одтаму мислам дека треба да се разгледа многу внимателно ова прашање, рече Бектеши.

Министерот додаде дека ставот на неговиот ресор е дека генерално трговијата на мало како дејнсот треба да работи во недела.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •