март 6, 2021

Социјалните пакети се директни поттикнувачи на сивата економија и ја хранат правната недисциплина

Петтиот пакет е конципиран по сеопфатни консултации со бизнис заедницата и синдикатите и од тој аспект мислам дека ќе наиде на поддршка од двете страни во трипартитниот дијалог со владата. Претпоставувам дека толку е чергата на државата. Ова е петти пакет и многу ќе биде важно како тој ќе се реализира. Доколку правиме некаква анализа на овој најнов пакет, тој содржи за секого по нешто – и директна поддршка за субвенции за плати, и бескаматни кредити за фирми, има одложување на плаќање на сметки, итн. Но, ќе видиме како сето тоа ќе се реализира, изјави економскиот аналитичар Мирче Јовановски во „Утрински брифинг“.

И за компаниите кои инвестриаат има дел во овој пакет, преку гарантната шема и другите мерки кои се однесуваат за извозниците. Да не заборавиме дека една од мерките е намалување на царината за суровините. Но, една од работите кои јас лично мислам дека на долг рок не дава ефекти, па дури е контрапродуктивна е простувањето на долговите. Од една страна, добро е да се помогне на општините кои мака мачат да го финансираат своето работење, меѓутоа има нешто што се вика морален хазард, односно кога еднаш ќе се прости се очекува дека и во иднина, исто така, некој ќе им прости повторно. Во тој контекст ја гледам и оваа мерка за простување на каматите. Владата нема неограничен капаците да помага со финасии и се применува една мерка каде што товарот се префрла на ЈП и тоа повторно ќе оди на товар на буџетот, вели Јовановски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •