февруари 27, 2021

СДСМ: Мицкоски има уплав од избори, страв му е да се соочи со граѓаните

СДСМ со реакција на најавите на ВМРО-ДПМНЕ за можен бојкот на претстојните локални избори.

„Губитникот Христијан Мицкоски се плаши од сопствениот народ, страв му е да се соочи со граѓаните на избори, бидејќи е свесен што го очекува. Токму во таа насока се најавите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира претстојните локални избори. Стравот на Мицкоски не е неоснован“, стои во писменото соопштение од СДСМ.

„Граѓаните на сите избори во изминатите четири години се имаат изјаснето дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести, кои работат против интересите на својот народ и својата држава“, велат од СДСМ.

Од партијата на власт додаваат дека во изминатите четири години граѓаните го казниле неодговорното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат во опозиција“, потенцираат од СДСМ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •