март 1, 2021

Колку државна помош добија странските инвеститори во индустриските зони во 2020

Најголемиот работодавач во Македонија, Кромберг и Шуберт, добил најголема помош од државата во 2020. Според податоците што ги дава алатката „отворени финансии“ станува збор за вкупна сума од 997,7 милиони денари.

Во сумата од 16,35 милиони евра влегува помошта за инвестиции од договорот со Владата, а помал дел – 73,5 милиони денари на производителот на кабли за автомобилската индустрија се исплатени за справување со корона-кризата.

Сите други компании кои добиле државна помош а кои ги сместуваме во топ шест со најголеми примања, впрочем заедно имаат помалку од компанијата лидер. Во оваа листа се Костал од Охрид, Адиент во Струмица и Штип, ТАБ МАК, Драксламаер и Гентерм.

КомпанијаСума (во мил. денари)Сума (во мил. евра)
Кромберг и Шуберт Битола997.716.35
Костал Охрид181.3 2.95
Адиент Струмица и Штип168 2.73
ТАБ МАК149.43 2.43
Драксламаер Кавадарци124.7 2.03
Гентерм11.6 0.19

Податоците се извадени од алатката која како можност за увид ја дава Владата иако можно е сумата да е поголема или помала. Парите кои се доделуваат за инвестиции се исплатија на крајот на годината и секако се условени, односно може да бидат и предмет на враќање, но тие ја покажуваат и определбата на овие компании да имаат нови вложувања и во време на криза, што сепак е добро особено што тие се сметаат за мотор на домашната економија.

Инаку сумата која како помош ја добиле Кромберг и Шуберт е повисока од лимитот кој Европската комисија го даде како можност државата да и доделува помош на една компанија во криза. Имено според најновите измени вкупната сума помош по сите основи во Европската Унија може да биде максимално 1,8 милиони евра. За компаниите кои беа екстремно погодени од кризата со пад од најмалку 30 отсто најголемата помош е најмногу 10 милиони евра.

Вчера Дирекцијата излезе и со споредбена статистика на извозот и увозот од индустриските зони за 2019, 2020, како и за јануари 2021.

Од графиконите може да се утврди дека учеството на извозот од ТИРЗ во вкупниот македонски извоз изнесува скоро половина и е во постојан пораст. Но, исто така неизбежно е да се прокоментира дека нето извозот од ТИРЗ (разлика помеѓу извозот и увозот) драматично опаѓа од 2018 навака. Па така ако нето извозот во 2018 година изнесувал 342.5 милиони евра, веќе во 2019 година паднал на 230.8 милиони евра. Ако по утрото се познава денот, тогаш за 2021 може да очекуваме уште поцрно сценарио во овој дел. Имено, во јануари 2021 година, нето извозот од ТИРЗ изнесувал само 4.3 милиони евра. Ова може да значи само едно, дека домашните компании не ја искористија шансата да станат главни добавувачи на странските компании во ТИРЗ, и со тоа да го зголемат ефектот од странските инвестиции врз домашната економија.

С.Н.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •