март 4, 2021

Реакција на Трајко Славевски за петтиот владин пакет на анти-кризни мерки: Замајување на јавноста и купување на време на Владата

Колку е поголем бројот на мерки, толку е помала нивната ефикасност, истакна членот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски на денешната прес-конференција како реакција на петтиот пакет на анти-кризни мерки на Владата што вчера попладне го промовира премиерот Зоран Заев. Презентираните 29 мерки, според него, нема да донесат подобрување на економијата и, како што нагласи, потребна е уште една, 30-та што всушност би требала да е на прво место и која би се однесувала на сузбивање на ковид-19 во земјата.

– Владата требаше да се обврзе дека ќе обезбеди вакцини за најмалку милион граѓани на Република Македонија до крајот на јули оваа година, односно најмалку два милиона дози. Без тоа, попусто се трошат скапо позајмени пари од надвор, што ќе се враќаат со уште повисоки каматни стапки во иднина, истакна Славевски за кого нивото на БДП за вториот квартал од 2020 година е поразителен.

Славевски ги опиша дел од мерките како „препишување од еден пакет во друг и без соодветна реализација што говори за нискиот капацитет на владата“. Мерките ги нарече „замајување на јавноста и купување на време од владата“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •