март 2, 2021

Погледнете како изгледаше моќната ерупција на Етна: Градовите прекриени со пепел, уништени голем број на автомобили (видео)

Граѓаните и властите денеска работат на чистење на улциите, дворовите и автомобилите од пепелта и вулканскиот материјал кој од кратерот на Етна се ширел во пречник од неколку десетина километри.

Вулканскиот материјал и камењата со големина до 10 сантиметри предизвикале штета на поголем број на автомобили.

Локалните власти побараа да се прогласи природна катастрофа во планинските општини. За среќа, лавата која ја исфрли вулканот не стигна до населените места, па нема човечки жртви.

Денеска, откако теренот во околината на вулканот ќе биде расчистен, ќе започне и утврдувањето на материјалната штета, посебно кога станува збор за земјоделието. Поради ерупцијата, беше затворен и меѓународниот аеродром во градот Катанија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •