март 6, 2021

НЕРАБОТНА НЕДЕЛА

Стефчо Негриески

Да млатиш празна слама со месеци (а можда и години), за нешто што е решено со постоечкото законско решение, не е ништо друго туку токму тоа – МЛАТЕЊЕ ПРАЗНА СЛАМА!!! Или чиста манипулација со граѓанството дека нешто се работи, но и да се покрие медиумскиот простор (сликање, снимање пресици, фејсбук постови итн).

Кратко, ЗРО уредил дека полното работно време изнесува 40 часа неделно, а прекувремената работа ја ограничил на 190 часа годишно, или отприлика секоја втора сабота.

Од претходни искуства, мислам дека постои реална опасност, преку наративот “недела е ден за семејството”, да ја озаконат работата секоја сабота, односно да го зголемат полното работно време на 48 часа?!

Останатите одредби прочитајте ги сами од законот, да не морам јас да прераскажувам.

Фејсбук статус на Стефчо Негриески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •