март 7, 2021

Костадинов: Новиот владин пакет очекуваме да ја врати стапката на раст од 4 до 5 проценти

Мерките се донесени низ инклузивен пристап и во партнерство со сите засегнати страни, а кај повеќето од мерките предвидено е поддршката да трае до крајот на 2021 година, со цел да имаат поголемо влијание врз економијата низ целата година, рече Костадинов и ги опиша четирите главни столбови:

„Директна финансиска поддршка за компаниите за да се задржат работните места во секторите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани; финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор преку бескаматни кредити за задржување и зголемување на бројот на работници; креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на пара-фискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки ; директна поддршка за граѓаните“.

Костадинов нагласи дека и овој пакет мерки, исто како претходните четири, има за цел да спаси што повеќе работни места, но истовремено и да ја раздвижи економијата, да биде подинамична и поконкурентна.

„Затоа прва мерка е финансиска поддршка на плати за вработените во висина од близу 2 милијарди денари со опфат од околу 60.000 работници месечно. СДСМ преку институциите што ги води покажа максимална грижа за здравјето на граѓаните но и за работата на компаниите, за платите на работниците, за зачувување на работните места“, рече партискиот портпарол.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •