март 6, 2021

Експлодираше писмо-бомба во седиштето на Лидл во Германија

Полицијата во Хајлброн во југозападна Германија денеска ја огради административната зграда на „Лидл“ и префрли тројца вработени на лекување во болница, откако експлодираше писмо-бомба.

Писмото-бомбата експлодира во седиштето на Лидл, повредувајќи тројца вработени, објави „Дејли Стар“.

Повредените се пренесени во болници, а 100 вработени се евакуирани од зградата.

Како што објави локалниот портал Стим.де, службите за итни случаи реагирале веднаш, вклучително и со хеликоптер.

Полицијата не коментираше дали инцидентот е поврзан со експлозијата што се случи вчера, во одделот за примање стока од производувачот на пијалоци во Епелхајм.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •