март 9, 2021

МИЛЕВСКИ ЗА СТУДИО 10: ПОТРЕБНИ СЕ ПРОМЕНИ, ПРЕВРАБОТЕНОСТА Е ЕДНА ОД ПРИЧИНИТЕ ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ОПШТИНИТЕ

Потребно е општините да имаат повеќе ингеренции и повеќе пари, државата даде 50 милиони евра, односно 50 отсто од вкупниот долг на општините, некои се консолидираа со овие средтва, а други продолжија да генерираат трошоци – вели за тв 24 Министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Децентрализација, делува сувопрано, но е доста значајно – се работи за општините, на крајот од денот се рaботи за граѓаните. Најмногу не интереса, како јавност, како тоа и зошто постјано се трупаат долговите, пред 2 години со 50 милиони евра покри државата дел од долговите, но и денес трупаат долгови?

– Да, вистина е важна темата, колку се важни општини гледаме и со снегот. За да имаме чисти улици потребно е општините да имаат пари за да одговорат на своите обврски и да им дадат услуга на граѓаните.

– Го следиме внимателно процесот на дезентрализација, и потребно е општините да имаат повеќе ингеренции и, секако, повеќе пари. Државата даде 50 милиони евра, односно 50 отсто од вкупниот долг на општините.Некои се консолидираа со овие средтва, а други продолжија да генерираат трошоци.

– Имаме и позитивни случаи, каде општините ги вратиле долговите и имаат средства за инвестициски активности.

Според него дел од општините генерираат долгови поради превработеност и несоодветното трошење на финансиските средства.

– За разлика од другите, имаме оштини генерално кои продуцираат долгови. Тоа се должи на неколку аспетки, превработеноста која не дава можност да прават инвестициски активности и несоодветното трошење на финансиските средства. Наместо да одат во една насока, одат во друга и повторно немаме средства за основните потреби на граѓаните.

Она што Владата се труди да го направи, со таа реформа која со Информатичко општество заедно ја правиме, треба реформа во доменот на  админситрација, јавните претпријатија, општината, општинската администрација. Според нас и според оние анализи кои ги правиме со ЗЕЛС најдобро е да се ограничи бројот на вработувања. Во соработка со Министерството за финансии работиме на програми за наградување на општините кои рационално ги трошат средствата.

Според него дел од општините генерираат долгови поради превработеност и несоодветното трошење на финансиските средства.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •