март 4, 2021

Илон Маск му ретвитна на Путин: Би ми било голема чест да разговарам со вас

Вториот најбогат човек на светот, американскиот претприемач Илон Маск, во саботата го контактираше рускиот претседател Владимир Путин на Твитер.

Шефот на „Тесла“ го праша Путин дали е заинтересиран за разговор во „Клубхаус“, ветувачка социјална мрежа која ги поврзува луѓето преку аудио разговор наместо да објавува статусни објави или испраќа директни пораки.

Маск „твитна“ директно на официјалната сметка на претседателот на Русија.

„Дали сакате да ми се придружите на разговор во Клабхаус?“, праша Маск.

Потоа остави друга порака, на руски јазик, што во превод значи: 

“Би ми било голема чест да разговарам со вас“.

Не е познато зошто Маск сака да разговара со Путин, или дали има реакција од другата страна, пишува „Фокс бизнис“, но неговите објави на Твитер заинтригираа многумина.

Маск е доста активен овие денови во Клубхаус, каде често има разговори со познати личности. Неодамна, тој исто така се согласи да разговара со Кание Вест. Ова е, сепак, првиот обид да се разговара со политичка фигура.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •