март 4, 2021

Заев за Акцискиот план со Бугарија, кинеските вакцини и дивоградбите во Струга

Акцискиот, односно секторскиот план, треба да биде утврден на меѓувладината конференција предводена од Османи и Захариева.

Акцискиот план, односно секторскиот план за соработка со Бугарија кој што е дефиниран од двете земји треба да се усвои на втората меѓувладина конференција чиј термин на одржување е идната недела или порано, што треба да го договорат министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Екатерина Захариева. Тоа ќе помогне во создавањто на севкупниот амбиент за решавањето на другите отворени прашања кои што верувам дека можеме да ги решиме час поскоро, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Очекувам веројатно следната недела или многу брзо да се оствари средбата помеѓу нашиот министер Османи и министерката Захариева за да ја договорат првата меѓувладина конференција, заради тоа што овде немаме ништо спорно согласно Акцискиот план, односно секторскиот план за соработка кој што е дефиниран од нашите идеи и од бугарските кои што стигнаа до нас. Очекувам на таа средба да се дефинира терминот за втората Меѓувладината конференција, првата се одржа 2019, а потоа да бидат усвоени на Влада и да влеземе во ефикасно, брзо имплементирање на сите овие определби, затоа што се добри за македонскиот народ, за бугарскиот народ, за Макединија и за Бугарија и ќе бидат од помош во создавањто на севкупниот амбиент за решавањето на другите отворени прашања кои што верувам дека можеме да ги решиме час поскоро, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција во Владата по потпишувањето на Договор за грант од германската КВФ банка наменет за обновливи извори на енергија.

Премиерот појасни дека Акцискиот план е дефиниран на секторско ниво, посебна е работата на Историско-образовната комисија, а посебни се политичките прашања за кои што разговараме со источниот сосед. Акцискиот, односно секторскиот план, треба да биде утврден на меѓувладината конференција предводена од Османи и Захариева. Штом ќе биде утврден, како што нагласи Заев, ќе дојде како записник на владите на двете земји да го усвојат и веднаш ќе се стратува со негова операционализација.

Премиерот Зоран Заев денеска повторно зборуваше и за вакцините од Кина и изјави дека до крајот на идната недела односно до крајот на февруари, во земјава треба да стигнат кинеските вакцини, откако претходната недела ги споменуваше и датумите 15 или 16 февруари.

„Кинеската вакцина е во постапка на договарање. Ветувањето е дека до крајот на февруари е стигнат вакцините, секој ден порано за нас е важно. Додека се имплементираат овие 4 680 вакцини кои српскиот народ вчера ни ги подари, а ќе се дореализираат и останатите до 8 000, верувам дека ќе стигнат и кинеските за целиот процес континуирано да тече. Очекувањата се од крајот на оваа, се до крајот на идната седница, тогаш завршува отприлика и февруари“,

изјави денеска Заев.

Мината недела тој одговарајќи на новинарски прашања првично рече дека се очекувања кинеските вакцини да пристигнат околу 15-16 февруари.

„Денеска очекуваме да се случи плаќањето од страна на нашата земја за да може да се испланира пакувањето, обезбедувањето на превозот. Денови се пред нас кога ќе стигнат вакцините“,

изјави премиерот на 10 февруари.

Дивоградбите во заштитениот дел на Охридскиот Регион треба да бидат отстранети согласно закон и согласно јасните и прецизни забелешки на УНЕСКО, вели премиерот Зоран Заев.

Тој ова го кажа како одговор на новинарско прашање во врска со изјавите на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој рече дека барањата на УНЕСКО се неприфатливи и граѓаните треба да ги легализираат бесправно изградените објекти.

„Граѓаните, скоро 100 проценти се определени за заштита на охридското крајбрежје и Охрид по стандардите на УНЕСКО и ние треба и мора да ги испочитуваме до крај. Државата може да помогне за одредени материјални вредности доколку се изгубат, но согласно законите. Според Законот за легализација на бесправно изградените објекти и Законот за управување со Охридски Регион, јасно е утврдено што е дозволено да се легализира, а што не. Сѐ што е надвор од заштитениот УНЕСКО дел може да се легализира доколку се исполнуваат просторно-урбанистичките планови и останатите законски обврски, а сѐ што е внатре во заштитениот дел треба да се отстрани. Овде нема да отстапиме од која било определба, без разлика какви политички реперкусии би се случиле“,

рече Заев.

Тој апелираше до трите општини (Охрид, Струга и Дебрца), кои спаѓаат под единствениот регион под заштита на УНЕСКО во земјава, да се почитуваат законите.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вчера во изјава за СДК.мк рече дека строго дефинираните правила на УНЕСКО со кои се забранува градење, но и рушење на сѐ што е бесправно изградено во заштитените зони е неприфатливо.

„Општината ќе трпи огромни финансиски штети, а граѓаните не ќе можат да си го остварат своето право според постоечкиот Закон за легализација“,

рече Мерко.

Според него, Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион го спречува функционирањето на Општина Струга според веќе донесените детални урбанистички планови.

„Во овој дел е опфатен и Законот за легализација, кој е во сила, а времето за истите поминува во март, така што во време на пандемија и мораториум, кој траеше една година, бараме Владата да го продолжи рокот на легализација на објектите барем за овие општини. Бараме и дополнително време за применување на Планот бидејќи не е адекватен за да постапиме по барањата на граѓаните. Од друга страна, се прави штета врз буџетот на Општината и ако нема можност за градење, тогаш ќе почнат да се прават диви градби и не знам кој ќе одговара и кој ќе плати за тоа“,

рече Мерко.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •