март 4, 2021

Заев: Ако Мицкоски има парламентарно мнозинство, бујрум, нека го покаже

Локални избори заедно со парламентарни нема да има, порача денеска премиерот Зоран Заев, одбивајќи го барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој му порача на Мицкоски ако има мнозинство да го покаже, а не да лаже.

„Ја повикувам секоја партија која мисли дека треба да има предвремени парламентарни нека се изјасни јавно за тоа. Коалициските партнери се апсолутно на ставот дека треба да има редовни избори. Дојде време да се работи и да се сработи до крај, а не постојано да се оди на избори. Еве бевме на избори, прифативме, ја утврдивме евроатлантската агенда, и завршија изборите, и ВМРО-ДПМНЕ изгуби. И сега повторно да одиме на предвремени? Зошто? Затоа што така Мицкоски мисли? Не, нема причини зошто да одиме. Ако треба по сто пат да повторуваме за тоа, ќе повторуваме. Парламентарно мнозинство за одлука за предвремени парламентарни избори нема, ако го има бујрум господинот Мицкоски нека го покаже и нека ја донесат комплетно одлуката. Така да престане да закажува заради свои внатрепартиски потреби одредени нереални агенди затоа што тоа е неодговорно и влијае врз економијата“, изјави Заев.

Заев вели дека не стравува оти ќе го загуби мнозинството во парламентот, туку очекува тоа да расте бидејќи смета дека води исправни и европски политики, има искрени намери и работењето е транспарентно.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •