март 4, 2021

ЕК не е задоволна со самоволните одлуки на некои членки за затворање на внатрешните граници во ЕУ

Европската Комисија со големи резерви ги дочека одлуките на некои земји членки, како Германија и Белгија, да ги затворат делумно или целосно своите граници поради коронавирусот, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Според Европската Комисија, загрижува непочитувањето на принципот на пропорционалност во овие одлуки.

Портпаролот во Комисијата за правда, Кристијан Виганд попладнево изјави дека во случајот на Белгија во тек се контакти помеѓу белгиските власти и Европската Комисија, која изразила загриженост за некои од белгиските одлуки.

-Доколку биде потребно Комисијата “ќе преземе мерки“ рече Виганд.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •