март 2, 2021

Ангелов: Нека заврне уште повеќе снег, спремни сме за реакција

„Јас не видов ниту еден изненаден годинава од снегот, „Македонија пат“ паралелно со врнењето на снегот го чистеше снегот. Сметам дека имаме соодветна реакција, ниските температури ги отежнуваат состојбите. Не се согласувам дека некој бил изненаден од снегот. Ние сме држава, стоиме на располагање за луѓето и од отсечените планински села. Во Тетово имаме отежнато движење во планинските села, на повисоките места во тетовско снегот достигнува до 60-тина сантиметри. Снегот е благодет за земјоделците, неговата корист е поголема од неговата штета. Нека заврне уште повеќе снег, добро е за хидлорошката состојба“ – вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК за Студио 10 на ТВ24.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •