март 1, 2021

Макрон: Да се вклучат вакцините од Кина и Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на засилени меѓународни напори за доставување вакцини во сиромашните земји, како и поголема вклученост на Кина и Русија.

Иако француската програма за вакцинација беше погодена од доцнење во испораката и бирократските проблеми, Макрон во интервју за „Журнал ди Диманш“ рече дека „африканските земји оправдано прашуваат за нивниот пристап до вакцините“.

Макрон последните денови се состана со извршни директори на фармацевтската индустрија и експерти за вакцини за да разговара за програмите за борба против нееднаквостите во пристапот до вакцините и да помогне за ставање крај на пандемијата и забрзување на економското закрепнување.

Меѓу тие програми е и Ковакс, кој е поддржан од ОН и чија имплементација почна бавно поради недостиг на средства и неподготвеност на некои големи светски сили.

– Ние мора да ги засилиме овие напори затоа што секоја недела е важна, рече Макрон, додавајќи дека вакцините произведени во Кина и Русија треба да бидат „интегрирани во овој голем мултилатерален напор против пандемијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •