февруари 26, 2021

Излезни анкети: Самоопределување победник на изборите во Косово, реклама за вијагра стои на страницата на Изборната комисија

Партијата Самоопределување освои најмногу гласови на парламентарните избори во Косово, покажуваат излезните анкети, јави агенцијата ДПА.

Левичарската партија освои најголем дел од гласовите – 42 проценти, соопштија анкетарите од Институтот Пипос по затворањето на избирачките места во 19 часот.

Долгогодишната владејачка партија ПДК (Демократска партија на Косово), според излезните анкети, освоила 16,5 проценти од гласовите, а конзервативната ЛДК (Демократска лига на Косово) 15 проценти од гласовите

Англиската верзија на сајтот на Централната изборна комисија на Косово е хакирана. Наместо податоци за изборите се прикажуваат реклами за „Вијагра“.

За разлика од англиската, верзиите на албански и на српски јазик работат без поголеми проблеми.

На Косово денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, а Централната изборна комисија е задолжена за нивното спроведување.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •