март 9, 2021

Етничка припадност во ЛК – враќање на “милет” системот како поделба на поробените народи од страна на империјата!

ПРЕД СЀ И НАД СЀ, воведувањето на етничката припадност во личните документи е дополнителна ПЛЕМЕ-изација на политичката заедница Македонија. Ова е ОГРОМЕН чекор назад, дури многу м н о г у поназад од воспоставениот трибалистичкиот карактер на Македонија воведен со Рамковниот Договор – слободно може да се констатира дека ова е идентично со „милет“ системот на Отоманската Империја, преку кој ги поделува поробените народи кои ги затекнува на териториите кои ги освојува во средниот век на Балканот.


Впрочем, наместо надминување на Рамковниот трибализам, ние чекориме кон негово унапредување, и тоа токму на неговата НАЈГОЛЕМАТА и НАЈКОБНА последица – ЕТНОЦЕНТРИЗМОТ всаден во сите пори на државата! Ваквата идеја е дефинитивно лудост! Прво, затоа што има многу елементи на СИСТЕМСКО нарушување на секуларниот карактер на државата, оти религијата е доминантен елемент на етничката култура; таа е испреплетена низ многу слоја и скоро секогаш се прелева како доминантен дел од елементите како конструкти на етничката припадност, и второ, спроведувањето на ваквото обележување (изјаснување) длабоко навлегува во приватноста на индивидуата како граѓанин и бара од него јавно да го искаже искаже интимното во него, па дури и државата да го „обои“ и забележи според неговата интима!ЗА ПРЕДЛАГАЧОТ НА ОВАА БЕССМИСЛИЦА и ВЛАДАТА ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ:За сѐ она што доаѓа од оваа Власт нема и што многу да се каже, за неа зборува нејзината приказна – de te fabula narratur! Само би подвлекол дека: доколку до сега некој имаше дилема дали СДСМ (како предводник во власта) е само една корумпирана, сребро-поданичка и помалку наивна збирштина, која на штета на целата држава упорно бива прелажана и изневерена од разните претставници на бриселските институции и остали меѓународни фактори и соседски влади, или пак, тоа е скупина која активно и свесно ја игра својата улога во минирање на државата преку комбинацијата на надворешниот и внатрешниот анти-државен елемент, кој го легитимира; мислам дека после ова веќе никој нема дилеми за нивната ваква историска свесна улога!ЗА ДПМНЕ:Факт е дека засега, според постоечката поделба на политичката моќ, ДПМНЕ е единствената партија во опозицијата која може да го сопри овој процес. НО, ЗА ЖАЛ, иако ништо ново, ДПМНЕ го прави токму спротивното – со поддршка на ваквиот предлог на БЕСА и АЛИЈАНСА само го легитимира сето ова лудило. Притоа, оправданието за ваквиот нивни став е навистина наивно, како да не извадиле никаква поука од минатото. Имено, ДПМНЕ, по којзнае кој пат до сега, пристапувајќи на политичкиот момент парцијално (конкретно за предлогот без земање во озбир на интенцијата и намерата на предлагачите) без нималку антиципација за иднината, тие тотално се апстрахираат од околностите во кои е збутана Македонија и македонскиот народ, и за предлогот се држат како слеп за стап!Колку и да е очигледно дека ваквата нивна позиција е како резултат на нивната желба за формирање влада во иднина, па оттаму, кон албанските партии (особено оние од опозиција) се однесуваат како што топтанџиите од кванташки се однесуваат со некој ситен трговец и тезгаџија, па незнаеjќи да им кажат НЕ на нивните национал-шовинистички, анти-државни и крајно трибалистичко-племенски позиции, тие сепак коалицираат со нив што, не само што им ги легитимираат таквите позиции, туку еве гледаме дека, безразлика дали се на власт или не, таквите политики проаѓаат, а ДПМНЕ при секое доаѓање на власт, не се обидува да ги врати, туку само става превез и продолжува како ништо да не било!Навистина фрапантно е, како, прво не можат да ги погледнат последиците кон македонскиот народ и државата низ процесите од 2001-ва до денес, и друго, како не можат да го увидат крајниот исход од сето ова?! Приметите само како Антонио Милошоски го брани ставот – дека пази каква наивност, предложиле само еден амандман кој предлагал да се изостави употребата на новата придавка на државата, ОСОБЕНО ШТО ДУРИ И СПОРЕД ДОГОВОРЕНОТО ОД ЗАЕВ И ДИМИТРОВ (?!) ТОА НЕ ПРЕТСТАВУВАЛО ОБВРСКА ВО ПЕРИОД ОД НАЈМАЛКУ 5 ГОДИНИ?! Каква е оваа кратковидност, на што се темели довербата некаков си д о г о в о р на Заев и Димитров!?И на крај, нивниот оркестриан напад кон Левица искористувајќи го предлогот на БЕСА и ЗАЕВ, е само уште еден доказ дека ДПМНЕ воопшто нема никаква визија за излез на Македонија од оваа бездна, од овој канал низ кој се движи. Впрочем, колкупати во минатото, оваа партија покажа дека има неверојатна способност да ги „убива“ токму најдобрите „македонски синови“, дури и по се изгледа дека последното нејзино вакво дело од случајот 27-ми април беше и „колективен масакр“…


Автор: ХАКТАН РЕЏЕП ИСМАИЛ – Президиум на Левица

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •