март 4, 2021

Вучиќ на ручекот во Камник: По квалитет на вино надминавме многу регионални сили

Откако денес на граничниот премин Табановце српскиот претседател Александар Вучиќ му предаде 4.680 од предвидените 8.000 вакцини против Ковид-19 на премиерот Зоран Заев, тие заминаа на дружба во Скопје, во познатата Винарија Камник.

Со чаша црно вино во рака, Вучиќ позираше во винаријата, честитајќи им го празникот Свети Трифун на винарите и лозарите.

-Како љубител на вино, горд сум на српските винари и нивните резултати во последните десет години. По квалитетот на виното надминавме многу регионални сили, а се надевам и верувам дека потрошувачите во Србија уште поголемо внимание и доверба во иднина ќе им подарат на домашните вина. Живели – напиша тој на својата официјална страница.

Премиерот Заев пак, во винаријата му подари на Вучиќ икона со светецот Св. Пантелејмон, како знак на благодарност за вакцините.

Инаку, Винаријата Камник е позната како омилено катче на љубителите на квалитетно вино, но и дивеч и најразлични специјалитети.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •