март 3, 2021

Во Мајами како да нема пандемија, Брена и Боба со Бјелогриќ и неговата сопруга го слават „Денот на вљубените“

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ веќе извесно време уживаат во Мајами, а на „Денот на вљубените“ им се придружија актерот Драган Бјелогрлиќ и неговата сопруга Маја.

Брена, Боба, Драган и Маја уживаат на луксузна дестинација, а „празникот“ на љубовта решија да го прослават заедно во еден ресторан во Мајами.

Пејачката ја забележа атмосферата од ресторанот и ги објави кадровите на својот инстаграм-профил, а судејќи според она што може да се види на снимките, тие одлично се забавуваат.

Додека Драган и Боба разговараат и се релаксираат со пијалак, покрај пејачката, кој снима сè, седи убавата сопруга на Бјелогрлиќ. Тие се во друштво на повеќе луѓе, притоа уживаат во добра музика, вкусна храна и пијалаци.

Инаку, Драган и Маја Бјелогрлиќ дошле во Мајами да прослават 25 години брак, додека одморот подоцна ќе го продолжат во Мексико.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •