март 7, 2021

Трамп се спаси, Сенатот гласаше дека не е виновен за упадот во Конгресот

За осуда беше потребно двотретинско мнозинство.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше ослободен од Сенатот за обвинението дека го поттикнал упадот во Конгресот на 6 јануари. За осуда на Трамп гласаа 57 сенатори, вклучувајќи седуммина од неговата Републиканска партија, како и сите 50 од Демократската партија,  а дека не е виновен гласаа 43. За осуда е потребно двотретинско мнозинство.

Обвинението во Сенатот е политичко, а не кривично. Ослободувањето значи дека Сенатот не го разреши Трамп од претседателската функција, но тој и онака веќе не е претседател. Сепак, ако Трамп беше осуден, Сенатот можеше да гласа и да му забрани повторно да се кандидира за каква било функција во иднина.

Претставничкиот дом го отповика Трамп на 13 јануари.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •